|
Со производство на мебел нашата фирма започна пред десет години. Искуството во оваа дејност е пренесено од претходната генерација во семејството. На почетокот започнавме со четворица вработени и недоволно опремени со машини, а произведувавме поедноставни производи. Во првите три години бројот на вработени го зголемивме на седум и инвестиравме во современа машина за кроење на иверка и МДФ. До седмата година бројот на вработени се зголеми на тринаесет, а инвестиравме во повеке наменска машина за бушење и машина за обработка на кантови и челни површини.
Во последните три години бројот на вработени се зголемуваше етапно за да денес сме фирма со дваесет и двајца вработени. Исто така и во последните три години инвестиравме во посовремено, попродуктивно и поквалитетно производство односно машини за:
-машина за пластифицирање со пвц фолија (вакуум преса) -машина за кантирање со абс фолија (кантарица)
Денес нашата фирма на пазарот е позната по производство на мебел за домакинството, канцелариски мебел и друг мебел со висок квалитет, брза испорака и со рокови на кои доследно се придржуваме.
Планирањето на развојот на нашата фирма за во иднина се заснова врз основа на реалните можности денес и внимателното планирање за иднината.
Во блиска иднина планираме производство на мебел за масовна потрошувачка што ќе значи барање на соработка со трговски фирми и нови пазари не само во нашата земја туку и надвор од неа.
|